Традицијата на овој ресторан започна уште во 1986 год. и оттогаш континуирано работи. Првите работни денови беа со многу помал капацитет од 50 гости, за да подоцна ресторанот се прошири со капацитет од 140 гости. Ресторан Калдрма е лоциран на излезот од Нов Дојран и е сместен веднаш до брегот на Дојранското Езеро. Името го доби по најстарата и единствена плажа во Нов Дојран - Калдрма, плажа која чува многу стари спомени на поодминатите генерации и сè уште се пишуваат нови. Погледот од терасата е насочен директно кон езерото така што нашите гости освен што уживаат во прекрасната храна, остануваат занемени од езерското синило. За нашата храна се зборува дека е приготвена „како дома“ следејќи ги старите дојрански начини на приготвување. Кога ќе се спомне нашето име нè поврзуваат со препознатливите производи како: шарска плескавица, пастрмајлија и рибниот специјалитет - риба на трска. Тајната на нашата кујна е тоа што веќе 30 години го имаме истиот шеф на кујна кој успеа да го задржи квалитетот на храната и да ги задоволи сетилата на нашите гости. Овде седеле многу познати личности како и првиот претседател Киро Глигоров кој беше наш постојан гостин. Оној кој пробал - знае, оној кој не пробал - треба да нè посети! Освен прекрасната храна, Ресторан Калдрма ви нуди сместување во прекрасни апартмани и пристап до приватна плажа и бар.
Контакт:
Телефон: ++ 389 75 294 650
Е-пошта: gtk17042022@gmail.com
Адреса: Панде Дуганов бр. 20 Гевгелија Република С. Македониjа
Copyright© 2023 Gevgelija Velo Guide
Made by Red Pet