“GevgelijaVeloGuide” – ГВГ иницијатива

img

Главни карактеристики на “GevgelijaVeloGuide” иницијативата

Иницијативата “GevgelijaVeloGuide”е започната од здружението „Гевгелија Точак Клуб“ од Гевгелија и е наменета за различни категории на сместувачки објекти/ресторани/сервисни станици/атракции кои се “Bike Friendly” и кои сакаат својата услуга што повеќе да ја прилагодат на потребите на вело туристите. Во зависност, како од видот на сместувачки објекти/ресторани/сервисни станици/атракции и нивната големина, GevgelijaVeloGuide им дава можности на сите заинтересирани да се приклучат на иницијативата и да создадат поповолни услови во регионот за развој на овој специфичен сегмент од туристичката понуда, а воедно да ги промовираат своите услуги и да остварат финансиска добивка.

Што претставува “Bike Friendly” синонимот и каде се користи

Bike Friendly е општопознат синоним за услуги кои се прилагодени кон велосипедистите. Услугите означени со “Bike Friendly“ се сместувачки објекти/ресторани/сервисни станици/атракции, кои ги задоволуваат минималните стандарди прилагодени за вело туристи и нивните потреби.

Која територија е опфатена

Територијата која е опфатена во иницијативата е на подрачјето на општините Гевгелија, Богданци, Валандово и Дојран, што претставува дел од Југоисточниот плански регион во РС Македонија.

Блог

Во нашата Блог страна дознајте повеќе за нашите активности

Gevgelija Velo Guide

Контакт:

Телефон: ++ 389 75 294 650

Е-пошта: gtk17042022@gmail.com

Адреса: Панде Дуганов бр. 20 Гевгелија Република С. Македониjа

Copyright© 2023 Gevgelija Velo Guide

Made by Red Pet